06.12.2016

Осумдесет проценти од вкупно 34.000 Роми анкетирани во девет земји-членки на Европска унија, се изложени на опасност од сиромаштија, а земјите-членки не успеваат да го интегрираат тоа малцинство, покажуваат резултатите од истражувањето на Агенцијата на ЕУ за основните права (ФРА). Според извештајот за 2016 година приближно една третина од анкетираните Роми живеат без вода во домовите, а 46 отсто немаат тоалет, туш или бања во домот. Маргинализацијата и дискриминацијата на најголемото малцинство во Европа е сериозен неуспех на законот и политиката на ЕУ и нејзините земји-членки – изјави директорот на Агенцијата Мајкл О’Флахарти. Анкетата покажува дека една третина од ромските деца барем еднаш месечно легнуваат гладни, а 50 проценти од Ромите на возраст од шест до 24 години не посетуваат училиште. Околу 40 отсто од анкетираните изјавиле дека се чувствуваат дискриминирани кога бараат работа, домување, здраствена заштита и образование. Во извештајот е нотирано извесно подобрување во споредба со положбата на Ромите во 2011 година, кога беше реализирана претходната анкета на Агенцијата.

28.09.2016

Бројката на вратени Роми од македонските гранични премини изнесува скоро половина од вкупното ромско население во Македонија. Досега има девет правосилни судски одлуки со кои се утврдува дека постои дискриминација, што е добра вест за сите оние кои поминале низ ваквото искуство.

Со оглед на тоа што според последниот попис во Македонија живеат околу 54.000 Роми, бројката од 25.000 вратени Роми изнесува скоро половина од вкупното ромско население во Македонија. Според анализата на извештаите што ги изготвија FRONTEX, Бирото за демократија, човекови права и труд од САД, и Советот на Европа, до 2014 година вратени се околу 20.000 Роми од македонските гранични премини.

Со цел да се утврдат фактите за феноменот на враќање на Ромите од граница, Институтот за европска политика (ЕПИ) превзело истражување на овој проблем. Ова истражување опфаќа анализа на документи издадени од македонските власти и Европската Унија и исто така вклучува 60 интервјуа со Роми кои во изминатите 6 години биле неосновано вратени од македонските граници. 

22.08.2016

Дваесет и пет годишната Сенада Сали од Тетово,  по професија меѓународен правник, веќе три години престојува во Унгарија и работи како меѓународен правник. Таа работи во меѓународна организација за човекови права со седиште во Будимпешта- ERRC , European Roma Rights Centre. Работи на случаите на дискриминација на Ромите во држави низ цела Европа. Желбата за напредок во кариерата и дообразување ја однела од Македонија во Унгарија.

„Пред се се преселив тука поради дообразување. Ми беше доделена стипендија за мастер студии на универзитетот CEU – Central European University.  Во јуни минатата година магистрирав на департманот за Меѓународни односи и европски студии меѓу најдобрите 10 студенти во генерацијата.  Пред да се доселам во Унгарија  дипломирав на Јустинијан отсек правни студии со просек 9,83.  Главен фокус на мојата работа се случаите на дискриминација на Ромите во држави низ цела Европа. 

  • Број на прегледи: 1184
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.