Надлежности на Комисијата: 
1) постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретните случаи на дискриминација; 
2) на подносителот на претставката му дава информации за неговите права и можности за покренување на судска или друга постапка за заштита; 
3) покренува иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органи поради сторени повреди на овој закон; 
4) поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија; 
5) ја информира јавноста со случаите на дискриминација и превзема активности за промоција и едукација на еднаквоста, човековите права и недискриминација; 
6) го следи спроведувањето на овој закон, иницира измена на прописи заради спроведување и унапредување на заштитата од дискриминација; 
7) воспоставува соработка со органите надлежни за остварување на еднаквост и заштита на човековите права во локалната самоуправа; 
8) дава препораки на државните органи за преземање на мерки за остварување на еднаквоста; 
9) дава мислења по предлози на закони од значење за заштита од дискриминација; 
10) прибира статистички и други податоци, формира бази на податоци, спроведува студии, истражувања и обуки во врска со дискриминацијата; 
11) соработува со соодветни национални тела на други држави, како и со меѓународни организации на полето на заштита од дискриминација и 
12) донесува деловник за работа и други акти за внатрешна организација на работата.

http://kzd.mk/mk/dokumenti/2011

http://kzd.mk/mk/dokumenti/2012

http://kzd.mk/mk/dokumenti/2013

http://kzd.mk/mk/dokumenti/2014

  • Број на прегледи: 1095
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.