03.04.2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово се најде помеѓу победниците на второто издание на ЕУ наградите за Ромска интеграција организирани од директоратот за преговори и проширување на Европската комисија. Доделувањето на наградите  се случи на 28 март 2017 година во Брисел, каде што РРОМА го доби второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира...Заштити се!“. Претходно, претставници на номинираните организации беа поканети на студиска посета на ЕУ институциите во Брисел од 26 до 29 март. Учесниците имаа можност да ги посетат Европскиот парламент, Директоратот за преговори и проширување, да разговараат со евро-парламентарци и одговорните лица од одделот за Ромска интеграција.

Европска комисија преку настанот за доделување на наградите има за цел да придонесува за видливост на Ромската популација на западен Балкан и Турција, чиј што потенцијал не е доволно искористен со цел подобрување на животот на Ромската заедница, како и истакнување на политичката важност за интегрирање на Ромите во процесот на проширување. Од Република Македонија, добитници беа Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, кој што го освои првото место со својот проект за туторска поддршка на учениците Роми во основно образование и РРОМА, која што го освои второто место второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира...Заштити се!“.Генералниот директор на Директоратот за преговори и проширување, Кристијан Даниелсон истакна дека ЕУ ќе продолжи со поддршката на фондови, а целната група ќе бидат младите и децата, поддршката за нивното образование и поттикнување на нивната поактивна улога во локалните заедници, од што корист би имало целото општество.

12.01.2017

Министерството за образование и наука за студиската 2016/2017 година со конкурсот ќе додели вкупно 50 стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македoнија.

1. 25 (дваесет и пет) стипендии ќе се доделат за студенти Роми кои се запишани во прва година на студии во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2016/2017 година;

2. 25 (дваесет и пет) стипендии ќе се доделат за студенти Роми кои се запишани во останатите студиски години во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2016/2017 година.

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се припадници на Ромската етничка заедница;

2. Да се државјани на Република Македонија;

3. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

25.10.2016

Во септември 2015, земјите во светот усвоија 17 цели за глобален развој за да се стави крај на сиромаштија, да се заштити планетата и да се обезбеди просперитет за сите. За да се остварат целите до 2030 година, секој може да придонесе на свој начин – владите, приватниот сектор, невладиниот сектор но и сите ние како поединци. Тим од одлични дизајнери ја нацртаа нивната визија за #2030сега, т.е. како ќе изгледа светот откако ќе се остварат целите. САКАШ ДА СЕ ВКЛУЧИШ?
Посети ја http://ijasimamcel.mk/​, СПОДЕЛИ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА ЦЕЛ И ДОБИЈ МАИЧКА!

  • Број на прегледи: 1610
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.