Датум: 03.04.2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово се најде помеѓу победниците на второто издание на ЕУ наградите за Ромска интеграција организирани од директоратот за преговори и проширување на Европската комисија. Доделувањето на наградите  се случи на 28 март 2017 година во Брисел, каде што РРОМА го доби второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира...Заштити се!“. 

Претходно, претставници на номинираните организации беа поканети на студиска посета на ЕУ институциите во Брисел од 26 до 29 март. Учесниците имаа можност да ги посетат Европскиот парламент, Директоратот за преговори и проширување, да разговараат со евро-парламентарци и одговорните лица од одделот за Ромска интеграција. Европска комисија преку настанот за доделување на наградите има за цел да придонесува за видливост на Ромската популација на западен Балкан и Турција, чиј што потенцијал не е доволно искористен со цел подобрување на животот на Ромската заедница, како и истакнување на политичката важност за интегрирање на Ромите во процесот на проширување.

Од Република Македонија, добитници беа Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, кој што го освои првото место со својот проект за туторска поддршка на учениците Роми во основно образование и РРОМА, која што го освои второто место второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира...Заштити се!“.Генералниот директор на Директоратот за преговори и проширување, Кристијан Даниелсон истакна дека ЕУ ќе продолжи со поддршката на фондови, а целната група ќе бидат младите и децата, поддршката за нивното образование и поттикнување на нивната поактивна улога во локалните заедници, од што корист би имало целото општество.
  • Број на прегледи: 477
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.