Дисеминација на информации поврзани со имплементација на декадните области, активности
Меѓусебно запознавање, учење едни за други, комуникација комуникациски вештини
Цели:
1) Подигање на свеста на општата популација за прашања кои ги засегаат ромските семејства и пристапот на децата до квалитетни услуги за ран детски развој, преку подготвување на анализа на состојбата, чии согледувања ќе се користат за подигање на општата свест кај локални и регионални здравствениработници, наставници, социјални работници и општински службеници;
2) Едукација на родителите Роми за задоволување на развојните и образовните потреби на нивните деца на рана возраст преку спроведување редовни домашни посети, кои имаат за цел демонстрирање и подобрување на родителската поддршка за учење и развој, и административна и здравствена,обезбедување државјанство и документи за новороденчиња и за сите членови на проектните семејствата;
3) Подобрување на пристапот до квалитетен ран детски развој и образование за децата Роми преку формирање на Центри за поддршка на децата и родителите кои ќе ги водат НВО-и, а кои овозможуваат подобрување на писменоста во стимулативно окружување, нудат простор за учење и креативност, библиотеки, компјутерски катчиња за децата и родителите, и хигиенско/санитарни услови и машини за перење за највулнерабилните семејства; и преку унапредување на јазичните вештини и компетенции, само-довербата и подготвеноста за учење на 120 деца Роми, преку нивно активно вклучување во неформални предучилишни јазични, едукативни и развојни активности.
4) Градење на капацитетите на стручни лица и активисти кои работат со Роми на прашања на раниот детски развиј, преку воспоставување Македонска мрежа за обука и професионален развој за практичари во областа на раниот детски развој, со цел раниот детски развој на децата Роми да го заземе заслуженото високо место на националната и локалната политичка и оперативна агенда.