Целта на истражувањето кое го спроведува Центарот за Економски Анализи (ЦЕА) и Иницијативата за Развој и Инклузија на Заедниците (ИРИЗ), е да се направи преглед и да се анализираат политиките за социо-економско вклучување на Ромите во РМ преку отстранување на пречките за развој на претприемништвото. Во истражувањето се опфатени претприемачи кои имаат формален бизнис (регистрирано правно лице) и неформален бизнис (не регистрирано правно лице) од десет општини во Македонија каде статистички има најголем број на припадници на ромската заедница. Во истражувањето се вклучени претприемачи припадници на Ромската етничка заедница (претприемачи Роми) и претприемачи од другите етнички заедници во Македонија (претприемачи не-Роми).

Тип на документ:
Анализа
:
12.01.2017

Функцијата на овој Прирачник е да обезбеди патоказ за лично издигнување и поттик за постојано размислување за разните димензии во бизнисот.Со внимателно читање на Прирачникот ќе бидете во можност успешно да ги одговорите прашањата кои се содржани во Прашалникот за аплицирање во Програмата Самовработување, од Оперативниот План за вработување 2015 година.

Тип на документ:
Прирачник
:
28.02.2015

Основна идеја на Агенцијата за вработување на Република Македонија е со оваа брошура да ви го олесни пристапот до слободните работни места, да ви помогне да го изберете своето занимање, како да ја напишете својата професионална биографија (Curriculum Vitae CV) како да се подготвите за интервју со работодавачот, како да напишете мотивирачко писмо и на крајот како да ја најдете посакуваната работа. 

Тип на документ:
Брошура
:
19.01.2015

Отворањето на нови, модерни, бизниси секојдневно ја зголемува потребата од квалификувана, добро обучена и мотивирана работна сила. Како да се најдат вистинските луѓе за слободните работни места во вашата компанија, како да се направи избор од понудата на пазарот на работна сила, како да се мотивираат невработените лица да конкурираат за работа во вашата компанија... Пред вас се поставуваат многу прашања. Одговорот всушност е едноставен: Агенција за вработување на Република Македонија има база на податоци за невработените лица, нивните квалификации, вештините кои ги поседуваат, интересите, работното искуство... Обратете се до некој од 30 Центри за вработување прикажани во флаерот, и ќе ја добиете неопходната помош со цел да го одберете најсоодветниот кандидат според вашето барање.

Тип на документ:
Флаер
:
19.01.2015

Која е улогата на Агенцијата за вработување на Република Македонија?

Агенцијата за вработување преку центрите за вработување посредува при вработувањето. Таа воспоставува врска помеѓу слободните работни места кај работодавачите (потреба од работна сила) и барателите на работа. Агенцијата им помага на работодавачите со изнаоѓање на соодветни квалификувани лица за нивните огласени потреби од работници.

Тип на документ:
Брошура
:
19.01.2015

Агенцијата за вработување на Република Македонија, заради задоволување на потребите од работници и обезбедување на услуги за работодавачите, во рамките на својата редовна дејност спроведува анкетно истражување за потребите од вештини на пазарот на трудот. Анализата на потребните вештини се спроведува еднаш годишно и се базира на анкетно истражување на примерок од работодавачи. Истражувањето се реализира преку посета на работодавачите, интервју и пополнување на прашалник. 

Тип на документ:
Анализа
:
19.01.2015

Drawing upon available data, and upon the findings of a survey undertaken with Roma employees, unemployed Roma, and employers, this report provides a comprehensive analysis of a number of key factors relevant to the Roma and their employment in the country – their age, gender, education level, the type and quality of employment, and the wages earned. The situation of the Roma is compared with that of their non-Roma counterparts within the country, and with that of the Roma and non-Roma in other countries in the region, and over time.

This study also reports findings from a survey carried out with Roma employees, unemployed Roma, and employers, which indicate that a number of deep-seated and interrelated factors have contributed to, and are likely to continue to the problems faced by the Roma in relation to employment.

Тип на документ:
Анализа
:
01.10.2013

Користејќи ги расположивите податоци и заклучоците од направеното истражување кај вработените Роми, невработените Роми и работодавачите кои вработуваат Роми, овој извештај содржи сеопфатна анализа на неколку клучни фактори што се однесуваат на Ромите и нивното вработување во земјата: нивната возраст, пол, ниво на образование, видот и квалитетот на нивното вработување и заработените плати. Состојбата на Ромите е споредена со нивните еквиваленти во неромското население во земјата, како и состојбата на ромското и неромското население во другите земји од регионот според временски периоди.

Тип на документ:
Анализа
:
01.10.2013

Со овој закон се уредува воспоставувањето на евиденциите во областа на трудот и начинот на нивното водење.

Во областа на трудот се воспоставуваат евиденции што содржат податоци од интерес за Република Македонија и тоа:

1. Евиденција на работодавачите;

1-a. Евиденција на корисници на јавни средства од Агенцијата за вработување;

2. Евиденција за вработените работници;

3. Евиденција за потребата од работници;

4. Евиденција на невработените лица и други лица кои бараат работа;

5. Евиденција за плати;

6. Евиденција за повредите при работа;

7. Евиденција за штрајкови;

8. Евиденција за државјаните на Република Македонија на работа во странство;

9. Евиденција за понудата на странски работодавачи за вработување на државјани од Република Македонија во странство;

10. Евиденција за странски државјани и лица без државјанство вработени во Република Македонија;

11. Евиденција за осигурениците и за осигурените лица од здравственото осигурување;

12. Евиденција на членовите на семејството на државјани на Република Македонија на работа во странство-корисници на здравствена заштита и

13. Евиденција за корисниците на права од инвалидското осигурување. Евиденција која содржи податоци од интерес за Република Македонија е и матичната евиденција за осигурениците и корисниците на права од пензиското и инвалидското осигурување која се уредува со закон.

Тип на документ:
Закони
:
27.02.2013

Со овој закон се уредуваат прашањата за размена на трудот, правата и обврските на работодавачите, невработените лица, други лица кои бараат работа и државата, во врска со вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и други прашања од значење за вработувањето.

Тип на документ:
Закони
:
06.12.2012

(1) Со овој закон се уредуваат условите и постапката под кои странци можат да се вработуваат или да работат во Република Македонија, освен ако со меѓународен договор поинаку не е утврдено.

(2) Странец се смета како вработено лице во Република Македонија кога врз основа на договор за вработување ќе заснoва работен однос кај работодавач чие седиште или место на живеење е во Република Македонија или кога ќе стекне статус на самовработено лице согласно со овој закон.

(3) Услугите обезбедени од странци и другите облици на работа, кои ги извршуваат странци врз основа на договори за работа или други договори согласно со граѓанското право, а кои се спроведуваат на територијата на Република Македонија за ограничен временски период, се сметаат за работа извршена од страна на странци согласно со овој закон.

Тип на документ:
Закони
:
05.06.2007

Со овој закон се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица во Република Македонија.

Тип на документ:
Закони
:
17.10.2005
  • Број на прегледи: 1223
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.