24.08.2016

Фејме Агуш, 31-на годишна млада енергична жена од Шуто Оризари, е сопственичка на првиот официјално регистиран фризерски салон во оваа ромска населба. И додека завршува еден исклучително напоред ден во дуќанот, кој ги менаџира заедно со сопругот и децата, Фејме ја започнува својата приказна:

„Не запираме тука! За сите нас, за маж ми, децата, сите ние тука ја гледаме нашата иднина. Затоа внимателно го планираме секој нареден чекор и напорно работиме, се со цел овој бизнис да бележи успеси.“ – вели таа.

И успесите се навистина впечатливи. Фризерскиот салон „Џастин“ е најдобро опремен салон во тој дел од градот кој нуди се, од едноставно подстрижување, па се до најсовремените фризерски стилови. После тренингот за овој тип на услуги и долгогодишната работа во домашни услови, Фејме е навистина подготвена сите замисли на муштеријата да ги претвори во нов изглед. 

30.05.2016

Професионализам, точност и секогаш срдечна насмевка се трите карактеристики што ја отсликуваат Зумбула Беќирова од Делчево. Сопственичката на мини маркетот „Аде-Се“ едноставно плени со својата непосредност и убавиот збор за секој муштерија. Беќирова го отвора дуќанот во 2014 година, лоциран во дел од дворот во семејната куќа. По неколку годишна работа во Германија и работа токму во делот на продажбата, Зумбула сфаќа колку е навистина важно да се оствари добра комуникација со клиентите и колку тој однос е пресуден за успешноста на бизнисот. И токму со тоа уверување, по враќањето дома, таа е сигурна во својата идеја за бизнис од услужна дејност.

„Навистина уживам во работата со луѓе. Секој доаѓа прво во продавницата за да купи она што му треба, но исто така, и да поразговара со комшиите. Такви се и моите муштерии. Ред пазарење, ред муабет.“ – со насмевка раскажува Зумбула, додека ги подредува новопристигнатите продукти на полиците.

03.02.2016

„Отсекогаш бев позната помеѓу моите пријатели како „девојката со различни фризури“...  и навистина беше така, постојано експериментирав со мојата коса, должината, бојата!“ – со ведар глас раскажува младата Теута Арифи.

Она што претставувало само можеби идеја и хоби кај оваа млада девојка, преку програмата за обука за фризери во рамките на Твиниг проектот кој се реализирал во Центарот за вработување на Опшина Куманово, сега има шанси да прерасне во сериозна идна професија.

За програмата дознава преку локалните медиуми, а со повеќе детали се запознава од тренерот и менторот за вработување на УНДП, и тука гледа отворена можност за понатамошен развој. Со добиениот сертификат за фризерка, Теута се надева дека ќе може полесно да се вработи како фризер, а со тоа ќе си обезбеди финансиски средства со кои ќе може да запише студии.

  • Број на прегледи: 1839
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.