Датум: 24.08.2016

Фејме Агуш, 31-на годишна млада енергична жена од Шуто Оризари, е сопственичка на првиот официјално регистиран фризерски салон во оваа ромска населба. И додека завршува еден исклучително напоред ден во дуќанот, кој ги менаџира заедно со сопругот и децата, Фејме ја започнува својата приказна:

„Не запираме тука! За сите нас, за маж ми, децата, сите ние тука ја гледаме нашата иднина. Затоа внимателно го планираме секој нареден чекор и напорно работиме, се со цел овој бизнис да бележи успеси.“ – вели таа.

И успесите се навистина впечатливи. Фризерскиот салон „Џастин“ е најдобро опремен салон во тој дел од градот кој нуди се, од едноставно подстрижување, па се до најсовремените фризерски стилови. После тренингот за овој тип на услуги и долгогодишната работа во домашни услови, Фејме е навистина подготвена сите замисли на муштеријата да ги претвори во нов изглед.

„Околу 12 години ја работам оваа работа... и отсекогаш сонував да имам свој дуќан. Иако долго време работев „на црно“, во еден момент реков дека е доста! Сакав свој стабилен бизнис, и тоа под државна капа. Иако на почетокот бев преплашена од сите тие администравни процедури и од ризикот да бидеш основач на фирма, ама еве...се снаоѓам некако.“ – со нескриена возбуда раскажува.

Оваа млада фризерка од еден свој пријател дознава за програмата Самовработување во 2014 година и веднаш се пријавува. Со помош на менторот од програмата, Синиша Пекевски, успешно го поминува процесот на аплицирање и ги добива сите потребни информации за она што следи во процедурата. „Немаше веќе враќање назад. Работата беше сега или никогаш! Долго време бев на црниот пазар, и конечно ја имав поддршката за да отворам свој бизнис...“

На тренингот за развивање на бизнис вештините, Фејме за многу кратко време го совладува материјалот, а заедно со менторот внимателно ги разледуват сите сегменти од програмата. Со грантот набавува опрема за во дуќанот и материјали за непречена неколку месечна работа. Со тоа, Фејме Агуши, е една од 8.000 корисници кои досега формирале бизнис во рамките на програмата Самовработување.

Сега таа ги охраабрува и другите да го следат нејзиниот пример и да се обидат да основаат свој бизнис. Во наредниот период и нејзиниот најстар син сака поактивно да се вклучи во бизнисот. „Сите знаеме дека не е лесно, ама само со жалење не се постигнува ништо. Само работа и работа...тоа е формулата.“

 

  • Број на прегледи: 941
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.