Родови прашања - Документи
Со овој правилник се пропишува начинот на спроведувањето и следењето на мерките за заштита на жртвата на семејно насилство преземени од центарот за социјална работа и за начинот на следење на изречените привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Со овој правилник се пропишува начинот на извршувањето на изречена привремена мерка за заштита – задолжително посетување советувалиште за сторители на семејно насилство.
Конвенцијата на ООН за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените, усвоена од Генералното собрание во 1979 година содржи 30 членови кои дефинираат што се претставува дискриминација врз жените и ја поставува агендата за национална акција против таквата дискриминација.
Патот кон еднаквоста – сонот на Ромската жена
Со овој закон се уредува одговорното и должно постапување на институциите и здруженијата, нивната меѓусебна координација и соработка, заради превенирање и спречување на семејното насилство и обезбедување на заштита на жртвите.
Република Македонија како потписник на Пекиншката Декларација и Платформа за акција (1995) подготви Извештај за имплементација на истата во контекст на дваесет годишнината од одржувањето на Четвртата Светска Конференција на жените и усвојувањето на Пекиншката Декларација и Платформа за акција.
Во подготовката на Извештајот беа вклучени сите ресорни министерства при Владата на Република Македонија и релеватни државни институции. Подготовката на Извештајот помина низ еден транспарентен и инклузивен процес. Предлог Извештајот беше разгледан и усвоен на Собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Исто така, и граѓанскиот сектор имаше можност да даде свој придонес преку јавна дебата на која дадоа свои мислења и коментари кои се соодветно инкорпорирани.
Извештајот ги содржи сите настанати измени во однос на законската регулатива, напредокот во социјалниот и економскиот живот во насока на постигнување на еднаквост на жените и мажите.
Во четвртиот и петтиот периодичен извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената (CEDAW) е забележен напредок по однос на законската регулатива. Преку оваa анализа се испитува каква е перцепција за состојбите во т.н. “реален живот”. Колку крајните корисници , во нашиов случај жени, ги “уживаат” позитивните родови политики преточени во законските регулативи. Дали во нивното секојдневие се забележува промената на подобро и дали ги чувствуваат придобивките на поквалитетен живот?
Стратегијата за родово одговорно буџетирање (СРОБ) е национален документ, кој има за цел унапредување на родовата рамноправност и воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, преку прилагодување на постојните процеси на планирање и буџетирање на политиките и програмите на буџетските корисници, земајќи ги предвид различните импликации врз жените и мажите. Потребата за усвојување на Стратегијата произлегува од фактот што многу често е потребно да се работи различно со жените и мажите, да се препознаат разликите и воедно да се применат мерки за надминување на нееднаквоста и на пречките со кои тие се соочуваат. Внесувањето на родовата перспектива во буџетските политики на национално и локално ниво, ќе доведе до правилно и родово одговорно распределување на средства, како и подобра транспарентност и одговорност на државниот буџет од аспект на родовата рамноправност.
(1) Со овој закон се уредува воспоставувањето на еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите, основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, правата и обврските на одговорните субјекти за обезбедување на еднакви можности на жените и мажите, постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите, како и правата и должностите на правниот застапник за еднакви можности на жените и мажите (во натамошниот текст: застапникот), како определено лице за спроведување на постапката за утврдување на нееднакoв третман на жените и мажите.
(2) Воспоставувањето на еднаквите можности на жените и мажите се уредува со овој и со друг закон со кој се уредуваат прашања од интерес за еднаквите можности на жените и мажите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната и безбедноста, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и во други области од општественото живеење.
Земјите членки на Советот на Европа и останатите потписнички, препознавајќи дека дека жените и девојчињата се изложени на повисок ризик од родово засновано насилство отколку мажите; препознавајќи дека домашното насилство несразмерно ги погаѓа жените, но и дека мажите исто така можат да бидат жртви на домашно насилство; препознавајќи дека децата се жртви на домашно насилство, како и сведоци на насилство во семејството; и стремејќи се кон создавање на Европа слободна од насилство врз жените и од домашно насилство во мај 2011 година ја усвоија Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.
(1) Со овој закон се обезбедува спречување и заштита од дискриминација во остварувањето на правата загарантирани со Уставот на Република Македонија, закон и ратификувани меѓународни договори.
(2) За заштита од дискриминација се формира Комисија за заштита од дискриминација.
(3) Комисијата за заштита од дискриминација има својство на правно лице.