23.09.2015

Националниот совет за родова еднаквост воведе бесплатна мобилна СОС линија за жртвите на семејно насилство. Линијата функционира преку трите мобилни оператори 070/141 - 700, 075/141 - 700 и 077/ 141 - 700 и ја покрива целата држава и е достапна 24 часа во текот на денот.

Националниот совет за родова еднаквост, како граѓанска организација повеќе од 20 години работи на проблемот на насилството врз жените и семејното насилство и пружа и директна помош и поддршка на жените кои се соочуваат со овој проблем.

19.03.2015

По повод денот на жената 8 март по шести пат во Скопје на иницијатива на канцеларијата UNWOMEN во соработка со Институтот за родови студии и Универзитетот за аудиовизуелни уметности се одржа манифестацијата Вечери на Женски Права http://www.womensrightsnights.net/program-2015.html. Целта на овие вечери е на еден алтернативен начин да се одбележи Меѓународниот ден на жената 8ми март. Овогодишната програма на Вечерите на Женски Права се одржа во духот на одбележувањето на 20 годишнината на Четвртата светска конференција за правата на жените во Пекинг и донесувањето на Пекиншката декларација и платформа за акција.

 

 

16.02.2015

На 14 Фебруари пред Сити Мол се оддржа овогодишната манифестација V Day 2015 година. V – Day е глобално активистичко движење за запирање на насилството врз жените и девојчињата. V-Day е движечка сила за промовирање кретивни настани за подигање на јавната свест, прибирање на средства и оживување на духот на организациите кои се борат против насилство.

Оваа година настанот го организираа невладините организации меѓу кои Организација на жените на град Скопје, Македонска Асоцијација за развој и интеграција - МАДИ, Зонта Клуб Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување - ХЕРА, Националниот совет за родова еднаквост и многу други. Во вклучените организации беше и ромската невладина организација - СУМНАЛ.

  • Број на прегледи: 1057
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.