Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика е формиран во 2007 година. Со основањето на Секторот беше унапреден статусот и мандатот на Одделението за унапредување на половата рамноправност формирано во 1997 година. Секторот претставува прв извршен механизам на Владата за остварување на родовата рамноправност и за заштита и превенција од секаков вид насилство и дискриминација.
ПРИОРИТЕТИ
» Имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите
» Спроведување на стратешките активности во Националниот план за акција за родова рамноправност 2007-2012
» Вклучување на родовата рамноправност во главните текови, политики и практики.
» Унапредување на родовата рамноправност.
» Унапредување на статусот на жените
» Остварување на политиката на еднакви можности и унапредување на човековите права.
» Превенција од трговија со луѓе и упатување и заштита на жртви на трговија со луѓе
» Заштита и превенција од секаков вид насилство и дискриминација
» Унапредување на националната машинерија за родова рамноправност
» Усогласување на националното законодавство со европската регулатива и спроведување на законите и други мерки и препораки.