Датум: 20.01.2015

Вкупно 1.115 граѓани се јавиле на телефонскиот број „Ало докторе“ изминатата седмица за да побараат медицински совет. Јавувањата најчесто биле за респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура и симптомна болка.

 На граѓаните кои се јавиле им е даден соодветен медицински совет, а тројца поради здравствената состојба се препратени на Службата за итна медицинска помош.

 Од отворањето на телефонската линија 02/15-123 досега медицинска помош побарале 18.138 граѓани. Во Кол центарот од 18 до 22 часот наизменично работат 22 доктори од јавните здравствени установи.  

Денеска во Кол центарот е дежурна докторка Билјана Илиевска Поповска, директорка на Институтот за ТБЦ, а утре докторка Тања Спировска, директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Задутре медицински совети ќе дава проф.др Антони Новотни од Клиниката за психијатрија, а на 23 јануари докторка Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија. Во сабота дежурна е докторка Марија Хаџи Лега, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, а во недела доктор Илијаз Исмаили од Клиниката за очни болести.

  • Број на прегледи: 950
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.