10.06.2015

Објавен е Јавен оглас за обука на 16 кандидати за занимањето - Ромски здравствен медијатор. РЗМ е програма од Министерството за Здравство со цел да се подобри здравствениот и социјалниот статус на Ромите во Македонија. Министерството за здравство заедно со Х.Е.Р.А И Фондација Отворено Општество Македонија, се грижат за координација едукација и следење на работата на РЗМ. Ромските здравствени медијатори или (РЗМ) се обучени лица кои им помагаат на Ромите во својата општина за различни здравствени и социјални проблеми. Ромските здравствени Медијатори работат во Здравствените домови во општините каде што живеаат.

07.02.2015

Два нови апарати за брза, навремена и 100 отсто точна детекција на туберкулозата, набавени преку Глобалниот фонд функционираат на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје, јави МИА. Вредноста на апаратите заедно со набавениот потрошен материјал е над 70.000 евра.

Eдниот апарат овозможува да се прави брза дијагностика која е на ниво на ДНК и сериозно го забрзал времето на добивање на 100 отсто точна дијагноза на 24 часа до 48 часа во споредба со она што го имало порано, кога, иако можело во тој период да се детектира туберкулозата, сепак не можело да се детектира со 100 отсто точност и поради тоа се правеле дополнителни испитувања кои понекогаш траеле од месец до месец и половина.

20.01.2015

Од отворањето на телефонската линија "АЛО ДОКТОРЕ "02/15-123 досега медицинска помош побарале 18.138 граѓани. Во Кол центарот од 18 до 22 часот наизменично работат 22 доктори од јавните здравствени установи.  

  • Број на прегледи: 1644
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.