Овој извештај кој ги разгледува домувањето и здравството кај Ромите во Македонија е дел од проектот Граѓанско-советодавни центри, кој има за цел да ја подобри ситуацијата кај ромската заедница во повеќе аспекти на живеењето, особено во насока на намалување и надминување на дискриминацијата од предрасуди и негативна стереотипизација, поттикнување и зајакнување на соработката со локалната и државната администрација, создавање услови за подобрена едукација и организирана активност на ромското население, заради негово оформување во партнер и заедница еднаква на другите етнички заедници по својот глас.
Тип на документ:
Извештаи
:
31.12.2008
  • Број на прегледи: 955
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.