18.11.2015

Владата нуди нова можност за граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти. На последната седница изготви измени на Законот со кој се предлага продолжување на рокот за комплетирање на поднесената документација, како и нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, соопштија дека со измените се предлага рокот за поднесување барања да продолжи до 31 март 2016 година, а за оние коишто веќе имаат поднесено барање да можат да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година.

Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година е направена со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми ќе им се овозможи полесно да ја вршат работата бидејќи со сегашниот рок немаат доволно време да ги изработат сите поднесени барања. Првичниот рок за доставување на геодетски елаборати истекуваше на 31 декември оваа година. 

01.10.2015

Документарниот филм „Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров“ ќе биде прикажан низ девет ромски населби во Македонија, како дел од патувачки караван чија цел е унапредување на правото на адекватно домување на Ромите - преку влијание на политиките на локално и национално ниво.

Овој настан е дел од активностите на Националниот ромски центар, (НРЦ) во рамки на граѓанската акција „Адекватно домување за Роми“, а во партнерство  со уште шест други невладини организации, („Авена“ Кочани, „Пралипе“ Крива Паланка, „Баирска светлина“ Битола, „Ромска солза“ Прилеп, „Амбрела“ Шуто Оризари и „Паблик“).

Акцијата се спроведува во девет општини: Карпош, Шуто Оризари, Крива Паланка, Битола, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип, и тоа преку реализација на кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми. Акцијата за застапување ќе вклучува барање од граѓани за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација.  

25.02.2015

Агенцијата за катастар на недвижности ја информираше јавноста дека  доби современ Контакт центар кој е ставен во служба на граѓаните, професионалните корисници и вработените на Агенцијата.

Контакт Центарот е достапен на бесплатната инфо линија 0800 80 800 на која може да се пријават сите забелешка или поплака за некоректен однос на вработените, мито и корупција, добивање информација за статусот на конкретен предмет како и други информации поврзани со работата на катастарот.

  • Број на прегледи: 1451
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.