Состојба на неевидентирани лица во Матичната книга на родени идентификувани од почеток на акцијата е следна:

Вкупен број на лица кои не се запишани во Матичната Книга на родени изнесува 550 предмети , од кои 281 се машки и 269 се женски лица заклучно со  декември 2014.

Вкупен број на лица кои се запишани во Матичната книга на родени од почеток на акцијата до декември 2014 изнесува 130 предмети.

Во процедура на решавање се 39 предмети  за кои што е потребно дополнителен упис во матична книга на родени, додека пак за 30 нови случаеви во тек е ДНК анализа.

Во наведениот линк  се наоѓа прашалникот за идентификување на лица кои што не се евидентирани во матична книга на родените кои што може да го пополнат самите лица, НВО кои што ги застапуваат лицата, или пак подрачните единици на управата за водење на матична книга на родени и подрачните единици на Центрите за социјлана работа - одделение за старателство. 

Прашалникот се наоѓа на следниот линк :https://docs.google.com/forms/d/1H9dDTdfGj9qnr5lpB-j_0ngkgdc9jfRfhkmpUfdssKo/formResponse

  • Број на прегледи: 937
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.