Владата на Република Македонија во 2010 година ја донесе Националнатa стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија за периодот 2010 - 2020 година. Во Националната стратегија прикажани се различните аспекти и влијанија на појавите кои ги изразуваат сиромаштијата и социјалната исклученост. Во неа, врз основа на поширок аналитички материјал, синтетизирани се бројни показатели на општествените појави и истите се пошироко анализирани, компарирани и претставени.
 
Во ревидираната Национална стратегија 2010-2020, се вградуваат спецификите на одделни целни ранливи групи, се прикажуваат нивните потреби и барања, како и по основа на разлики на ниво на држава и на ниво на општина. 
 
Тип на документ:
Стратегии
:
01.03.2013

Со цел подетално да се утврдат состојбите и потребите на локално ниво и да се идентификуваат проблемите и ризиците со кои се соочуваат граѓаните се пристапи кон истражување на локалните состојби и потреби на пет избрани општини во Република Македонија, и тоа: Битола, Гази Баба, Кочани, Свети Николе и Тетово. Идентификувањето на потребите и проблемите претставува социјално услужен модел насочен кон анализа на недостатоците што ќе помогне не само за изработка на профилот на заедниците туку и за планирање и изготвување стратешки документи со што ќе се унапреди нивниот локален социјален развој.

Тип на документ:
Извештаи
:
31.12.2012
  • Број на прегледи: 848
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.