28.04.2017

 ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО УПИШЕТЕ НОВОРОДЕНЧЕТО ВО МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ?

  • Уписот во Матичната книга на родените е законска обврска.
  • Изводот од Матичната книга на родените е неоходен за пристап до образование, здравствена заштита, социјална заштита и други услуги кои ги обезбедува државата.
  • Изводот од Матичната книга на родените е предуслов за добивање на државјанство, лична карта и патни документи.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За новороденче родено во болница од родители кои се во брак

  • Лична карта или пасош на родителите (копии + оригинали)
  • Извод од Матичната книга на венчаните за родителите
  • Пополнет формулар “Барање за издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче)”
  • Уплатници како доказ за платените такси

За новороденче родено во болница од родители кои не се во брак

  • Лична карта или пасош на мајката (копија + оригинал)
  • Извод од Матичната книга народените на мајката
  • Пополнет формулар  “Барање за издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче)”
  • Уплатници како доказ за платените такси

За новороденче родено во домашни услови

Покрај документите наведени погоре, следниве дополнителни документи треба да се обезбедат при упис на новороденче родено во домашни услови:

  • Потврда од гинеколог дека мајката се породила
  • Изјави од двајца сведоци присутни на породувањето, заведени на нотар 

27.04.2017

Кој и колку?

  • Во земјава постојат помеѓу 3 000  и 5 000 неформални собирачи на отпад
  • Приближно 75% од неформалните собирачи на отпад живеат во Скопје
  • Се проценува дека 70- 90% од доставените материјали кои се рециклираат се неформално собрани, правејќи ги неформалните собирачи на отпад важен дел од процесот на рециклирање во земјата
  • Повеќето – но не сите – неформални собирачи на отпад се Роми
  • Неформалното собирање на отпад обично ги вклучува сите членови на едно семејство, вклучувајќи деца

Чести проблеми со кои се соочуваат неформалните собирачи на отпад

  • Немање или имање на некомплетни лични документи
  • Ниско ниво на образование, што доведува до:
    • Ниски работни квалификации и потешкотииво пристапот на формалниот пазар на труд
    • Неможност за учество во активните мерки на пазарот на трудот понудени од страна на Агенцијата за вработување
  • Зависност од социјална помош што доведува до недостаток на мотивација за позитивни промени 

05.04.2017

Од февруари до крајот на март 2017 година во рамките на проектот “Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи”, финансиран од страна на Европската Унија, а имплементиран од ЕПТИСА, лидер на конзорциумот во кој се вклучени и CARE International, МЦМС и РЕФ, во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика, се организираа пет регионални работилници со претставниците на 12 локални координативни тела за инклузија на Ромите од општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари.

Целта на овие работилници беше финализацијата на локалните акциони планови (ЛАП) за инклузија на Ромите во 12 општини, чиј развој започна со поддршка на проектниот тим на ЕПТИСА од ноември 2016 година. Секоја општина беше поддржана во процесот на развој ЛАП-ови во максимум 5 области од значење во инклузијата на Ромите, и тоа: образование, домување, вработување, здравство и жената Ромка. Целта на локалните акциони планови е да се осигура соодветно рефлектирање на националните приоритети содржани во Националната Стратегија за Ромите 2014-2020 на локално ниво.

Петте работилници беа организирани во Берово (за општините Берово и Делчево), две во Скопје (првата за општините Чаир и Шуто Оризари, втората за општините Гостивар, Куманово и Тетово), во Прилеп (за општините Битола и Прилеп) и во Штип (за општините Виница, Кочани и Штип). Вкупно 118 претстаници на локалните координативни тела и донатроската заедница учествуваа на работилниците од кои 59% беа жени.

Министерството за труд и социјална политика беше вклучено на средбите со по 2 претставника од Одделението за имплементација на Стратегијата и Декадата за Ромите како и од Секторот за труд.

  • Број на прегледи: 1199
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.