Датум: 05.04.2017

Од февруари до крајот на март 2017 година во рамките на проектот “Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи”, финансиран од страна на Европската Унија, а имплементиран од ЕПТИСА, лидер на конзорциумот во кој се вклучени и CARE International, МЦМС и РЕФ, во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика, се организираа пет регионални работилници со претставниците на 12 локални координативни тела за инклузија на Ромите од општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари.

Целта на овие работилници беше финализацијата на локалните акциони планови (ЛАП) за инклузија на Ромите во 12 општини, чиј развој започна со поддршка на проектниот тим на ЕПТИСА од ноември 2016 година. Секоја општина беше поддржана во процесот на развој ЛАП-ови во максимум 5 области од значење во инклузијата на Ромите, и тоа: образование, домување, вработување, здравство и жената Ромка. Целта на локалните акциони планови е да се осигура соодветно рефлектирање на националните приоритети содржани во Националната Стратегија за Ромите 2014-2020 на локално ниво.

Петте работилници беа организирани во Берово (за општините Берово и Делчево), две во Скопје (првата за општините Чаир и Шуто Оризари, втората за општините Гостивар, Куманово и Тетово), во Прилеп (за општините Битола и Прилеп) и во Штип (за општините Виница, Кочани и Штип). Вкупно 118 претстаници на локалните координативни тела и донатроската заедница учествуваа на работилниците од кои 59% беа жени.

Министерството за труд и социјална политика беше вклучено на средбите со по 2 претставника од Одделението за имплементација на Стратегијата и Декадата за Ромите како и од Секторот за труд.

Најважни заклучоци и препораки од регионалните средби

Следниве заклучоци произлегоја од регионалните работилници врз основа на добиените информации од учесниците (вербално или писмено):

  • Проблемите со кои се соочуваат Ромите (и, уште повеќе, жените Ромки) во областите на образование, вработување, домување и здравство најчесто бараат мулти-дисциплинарен пристап за нивно надминување,
  • Некои од мерките кои се релевантни на локално ниво во наголема мерка ќе зависат од  воспоставување на соодветна координација и имплементација на централно ниво. Тука пред се се мисли на активностите кои се однесуваат на разни истражувања од областа на вработувањето и домувањето, како планираното воспоставување на условен паричен надоместок во основното образование. Истите како активности се предвидени во националните акциони планови.
  • Од голема важност за развојот и спроведувањето на локалните акциони планови е вклучувањето на други институции, организации, експерти и иницијативи во работата на локалните координативни тела како дополнение на оние веќе предвидени и вклучени согласно националната стратегија за Ромите.
  • Локалните координативни тела играат важна улога не само во процесот на развој на локалните акциони планови, туку и во промовирањето и следењето на нивната имплементација.
  • Бидејќи успешниот развој и имплементацијата на ЛАП-овите во најголема мерка е поврзана со локалните координативни тела, мора да се осигура нивно соодветно и редовно функционирање, преку редовни средби и рутинска комунација помеѓу ченовите на локалното координативно тело.
  • Имплементацијата на одредени мерки содржани во ЛАП-овите може да се подобри преку воспоставување на заеднички иницијативи на повеќе пилот општини.
  • Како дополнение на вкупните трошоци за секоја активност содржани во ЛАП-овите, како следен чекор во иднина во буџетот на ЛАП ќе може да нотира кои средства се веќе обезбедени а кои средства останува да бидат обезбедени. 

Следните препораки се издвоени врз основа на прибраните информации и мислења од учесниците на средбите:

  • Локалните акциони планови треба да се ревидираат на годишно ниво, врз основа на прибраните податоци од страна на релеватните институции за статусот на имплементацијата на активностите на полугодишно и годишно ниво.
  • Координаторите на локалните координативни тела треба да воспостават одржување на редовни средби на ЛКТ, пред се во иницијалната фаза на неговото воспоставување, со цел да осигураат рутинска комуникација помеѓу неговите членови и мулти-секторски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат Ромите.
  • Со цел да се обезбеди соодветен придонесво развојот на локалните акциони планови од страна на сите релеватни институции и организации, координаторите на локалните координативни тела и нивните членови треба да осигураат учество на средбите на телото и на други професионалци од областите претставени од страна на постојани членови на ЛКТ.
  • Заеднички иницијативни кои ќе ги поврзат повеќе пилот општини треба да се имаат во предвид, пред се во делот на обезбедување на финансиска поддршка на некои од мерките предвидени во ЛАП-овите.  Како можна основа на ваквите иницијативи се постоечките плански региони и нивно вклучување во идни иницијативи.
  • Имајќи го во предвид долгорочниот карактер на локалните координативни тела, како и растечката важност на Европската Унија како донатор во земјата, општините треба да поминат обука за развој и менаџирање на ИПА проекти.
  • Број на прегледи: 652
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.