Датум: 27.04.2017

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НЕФОРМАЛНОТО СОБИРАЊЕ НА ОТПАД

Кој и колку?

  • Во земјава постојат помеѓу 3 000  и 5 000 неформални собирачи на отпад
  • Приближно 75% од неформалните собирачи на отпад живеат во Скопје
  • Се проценува дека 70- 90% од доставените материјали кои се рециклираат се неформално собрани, правејќи ги неформалните собирачи на отпад важен дел од процесот на рециклирање во земјата
  • Повеќето – но не сите – неформални собирачи на отпад се Роми
  • Неформалното собирање на отпад обично ги вклучува сите членови на едно семејство, вклучувајќи деца

Чести проблеми со кои се соочуваат неформалните собирачи на отпад

  • Немање или имање на некомплетни лични документи
  • Ниско ниво на образование, што доведува до:
    • Ниски работни квалификации и потешкотииво пристапот на формалниот пазар на труд
    • Неможност за учество во активните мерки на пазарот на трудот понудени од страна на Агенцијата за вработување
  • Зависност од социјална помош што доведува до недостаток на мотивација за позитивни промени

5 РАБОTИ КОИ ДРЖАВАТА МОЖЕ ДА ГИ НАПРАВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

  1. Обезбедување пристап до лични документи. Потреба од идентификување на неформалните собирачи на отпад кои немаат лични документи и нивно упатување до Министерството за труд и социјална политика и други релевантни институции за помош при регистрација на родените и добивање на извод на родени и валидни документи за идентификација. Ова е особено важно за олеснување на пристапот за децата на неформалните собирачи на отпад до видовите на поддршка потребни за да им се обезбеди поширок спектар на можности во општеството и пристап до пазарот на трудотво споредба на нивните родители.

  2. Промовирање можности за здружување и организација помеѓу неформалните собирачи на отпад. Неформалните собирачи на отпад имаат можност да станат соодветни партнери на јавните комунални претпријатија откако ќе се формализираат во правни лица, како кооперативи или микро-претпријатија. Додека законодавството кое во моментов е во сила  ги опфаќа овие форми на организација, како и јавни-приватни партнерства, искуства од соседните земји укажуваат на тоа дека усвојувањето на законската регулатива за социјално претприемништво е поефективен начин на поттикнување на неформалните собирачи на отпад да влезат на пазарот на трудот.

3. Олеснување на завршувањето на основното образование. Воведувањето и промовирањето на програми за признавање вештини и неформално завршување на основното образование значително ќе придонесат за унапредување на можностите за пристап на пазарот на трудот од страна на неформалните собирачи на отпад и искористување на мерките за вработување кои ги нуди Агенцијата за вработување.

4. Дизајнирање мерки за вработување околу специфичните потреби на неформалните собирачи на отпад. Меѓу релевантни мерки се следниве:

  • Програма за самовработување која ќе им овозможи на повеќе апликанти да поднесат заеднички бизнис план и да ги здружат своите индивидуални грантови за основање на бизнис за собирање на отпад
  • Обука и набавка на опрема за собирачите на отпад за заштита на здравјето и хигиената
  • Субвенционирано вработување во јавните комунални претпријатија

5. Стимулирање на влезот во формалниот пазар на трудот. Треба да се воведат програми за           активирање кои ќе  им овозможат, ќе ги охрабрат и ќе бараат од корисниците на социјална помош             на работоспособна возраст да влезат на пазарот на трудот.

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ?

Прочитајте:

EPTISA, Report on Possibilities for Professional Orientation and Inclusion in Active Labour Market Measures for Informal Waste Collectors (Skopje: EPTISA, 2016)

или

Контактирајте ја ЕПТИСА на:

Орце Николов 74

1000 Скопје

Тел.: +389 2 311 99 07

Факс: +389 2 311 99 89

E-mail: localintegrationmk@eptisa.com

 

  • Број на прегледи: 609
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.