Датум: 28.04.2017

ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО УПИШЕТЕ НОВОРОДЕНЧЕТО ВО МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ?

  • - Уписот во Матичната книга на родените е законска обврска.
  • - Изводот од Матичната книга на родените е неоходен за пристап до образование, здравствена заштита, социјална заштита и други услуги кои ги обезбедува државата.
  • - Изводот од Матичната книга на родените е предуслов за добивање на државјанство, лична карта и патни документи.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За новороденче родено во болница од родители кои се во брак

  • Лична карта или пасош на родителите (копии + оригинали)
  • Извод од Матичната книга на венчаните за родителите
  • Пополнет формулар “Барање за издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче)”
  • Уплатници како доказ за платените такси

За новороденче родено во болница од родители кои не се во брак

  • Лична карта или пасош на мајката (копија + оригинал)
  • Извод од Матичната книга народените на мајката
  • Пополнет формулар  “Барање за издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче)”
  • Уплатници како доказ за платените такси

За новороденче родено во домашни услови

Покрај документите наведени погоре, следниве дополнителни документи треба да се обезбедат при упис на новороденче родено во домашни услови:

  • Потврда од гинеколог дека мајката се породила
  • Изјави од двајца сведоци присутни на породувањето, заведени на нотар

ТРОШОЦИ

100 денари – административна такса

50 денари – такса која се плаќа на сметката на Управата за водење на Матичните книги

КАДЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ ПОТРЕБНИТЕ ФОРМУЛАРИ

Во просториите на Управата за водење на Матичните книги

Зградата на МТВ, влезот од страната на реката Вардар

Кеј Димитар Влахов б.б.

Скопје

или 

Во еднаод 178те месни канцеларии на Управата за водење на Матичните книги, лоцирани низ земјата. Листата на месни канцеларии ја има на страните 115-118 во Водичот за граѓаните на следниот линк:http://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/vodic.pdf.

или преку интернет на:

http://www.uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=6315F4FCB418472DA14AF97266F65C9D

 

КАДЕ ДА ГИ ПОДНЕСЕТЕ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Во Управата за водење на Матичните книги

Зградата на МТВ, влезот од страната на реката Вардар

Кеј Димитар Влахов б.б.

Скопје

или

Во една од 178те месни канцеларии на Управата за водење на Матичните книги, лоцирани низ земјата

Сите документи мора да се поднесат не подоцна од 30 дена од раѓањето на детето!

ВРЕМЕ ПОТЕБНО ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИЗВОДОТ: 5-7 работни денови

  • Број на прегледи: 475
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.