Социјална заштита - Документи
Прирачник за остварување на права од областа на социјалната и детската заштита
Правото во практиката - Анализа
This report was prepared by a civil society coalition comprising the following organisations: Initiative for
Social Change (Skopje), Humanitarian and Charitable Romani Association “Mesečina” (Gostivar), Roma
Democratic Development Association “Sonce” (Tetovo), and Roma Education Centre “Ambrela” (Šuto Orizari
– Skopje).
Методологија за бесплатна правна помош со примери и празни обрасци
Во Република Македонија како резултат на транзицијата и неповолната економска состојба се поактуелен е проблемот со децата на улица. Секојдневно сме сведоци на големиот број на деца на улица кои се присутни на улиците и во најнеповолните временски услови при тоа нудејќи услуги. Министерство за труд и социјална политика (МТСП) како носител на социјалната заштита на загрозените групи граѓани и клучен актер за заштита на децата на улица/улични деца во рамките на Секторот за социјална заштита отвори Одделение за социјална заштита и згрижување на социјални исклучени лица во чија надлежност е и заштита и грижа на оваа категорија на деца на улица и нивните родители, како посебна целна група. Во рамките на заложбите и политиките на МТСП за надминување на проблемите на социјалната исклученост, изготвена е Програма за социјално вклучување, во која посебно се разработени програми за одредени групи меѓу кои се и децата на улица. Дел од таа програма се однесува и на вон - институционалната заштита на децата на улица/уличните деца односно формирање на дневни центри (ДЦ) за деца на улица/улични деца. Постојат повеќе причини за создавање на ваков протокол, а пред се е фактот на самото постоење на една вака социјално загрозена категорија малолетни лица кои самите по себе се проблем од првостепено значење.