29.06.2017

Завршната Конференција на Проектот “Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи“ финансиран од ЕУ, кој започна на 11 јануари 2016 година и завршува на 11 јули 2017 година, се организираше на 28 јуни 2017 година во хотел Мериот во Скопје.  На настанот присуствуваа 89 учесници од релевантните институции и на централно и на локално ниво, меѓународните организации и невладиниот сектор.  Поздравните обраќања ги имаа Заменик Министерот за труд и социјална политика г-дин Елми Азири, Министерот без ресор одговорен за ромските прашања г-дин Самка Ибраимовски и претставникот на Европската Делегација во земјата г-дин Мауро Ди Вероли. Настанот го водеше г-ѓа Мабера Камбери, раководител на секторот за техничка поддршка на Министерот за труд и социјална политика при Министерството за труд и социјална политика.

По воведните излагања Тим лидерот на проектот г-дин Ебен Фридман ги претстави резултатите кои беа постигнати во текот на проектната имплементација. Како што напомена Тим лидерот проектот имаше за цел да одговори на потребата за зајакнување на капацитетот на централните и локалните власти за пренесување  на широки политички заложби во конкретни практични акции. Проектот беше имплементиран од страна на ЕПТИСА во конзорциум со CARE, МЦМС и Ромскиот Образовен Фонд а во партнерство со Министерството за труд и социјална политика.

До крајот на имплементацијата, проектот имаше доставено 27 пишани извештаи со проценка на статусот на инклузија на Ромите во земјата во неколку релевантни области, спроведени 19 работилници, 12 настани во заедницата, 9 обуки, спроведена четиримесечна програма за стручна обука на 29 учесници, и студиска посета за 10 професионалци од целните институции. Проектот, исто така, придонесе за формирање на Локални Координативни Тела во 12 општини, поддржувајќи ги во изготвувањето на Локални акциони планови за Роми во областите на образование, вработување, здравство, домување и унапредување на положбтата на жената Ромка.  

13.06.2017

Министерството за труд и социјална политика како одговорен орган за следење на имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Република Македонија 2014-2020, а во насока на подобрување на положбата на Ромите во земјата, го имплементира проектот “Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи” во соработка со ЕПТИСА во конзорциум со CARE, Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Ромскиот образовен фонд, поддржан од Европската Унија.

Проектот “Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”, меѓу другото, има за цел и да ги зајакне капацитетите на државната администрација на национално ниво и на локално ниво во општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари за поуспешна поддршка на локалните процеси на интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица.

Како дел од активностите на проектот, во соработка со општините и локалните координативни тела ќе се организираат директни средби на припадниците на ромската заедница со преставниците на локалната единица и на институциите кои се од интерес за заедницата. Целта на овие средби е да се приближат институциите до локалната заедница, да се надминат комуникациските бариери, да се срушат стереотипите и да се овозможи побрз, поедноставен и дисректен контакт на ромската заедница со институциите.

Во таа насока од 14 до 30 јуни 2017 година, на 11 локации во целните општини ќе се оддржат Отворени денови каде на сите припадници на ромската заедница ќе им биде овозможено да остварат директен контакт, да прашаат за некој свој проблем или пак да побараат совет од претставниците на институциите. Ве покануваме да го посетите Отворениот ден во вашата општина. Се надеваме дека овие средби ќе бидат голем чекор напред во процесот на воспостaвување на доверба, рушење на стереотипите и остварување на загарантираните права на сите граѓани во Република Македонија.

25.04.2017

Кој и колку?

  • Деца на улица се деца кои подолго време поминуваат на улица без заштита и грижа од родителите, но имаат семејства и домови кадешто може да се вратат во текот на денот;
  • Малку деца во земјата, доколку воопшто ги има, живеат постојано на улица без семејства и домови;
  • Се проценува бројката на деца на улица во земјава да се движи помеѓу 500 и 1000;
  • Повеќе од половината од идентификуваните деца на улица живеат во Скопје;
  • Мнозинството (веројатно повеќе од 95%) од децата на улица се Роми.

Ситуацијата на децата на улица

  • Некои од децата на улица немаат извод од матичната книга на родените, што го спречува нивниот пристап до здравствените (и други) услуги;
  • Во повеќето градови кадешто има деца на улица не постојат специјализирани дневни центри обучени да ја поддржуваат општествената интеграција на целната група, поради што помалку од половина од децата на улица имаат пристап до центрите за дневен престој;
  • Злоупотребата на субстанции е честа појава кај децата на улица, но не постојат центри за рехабилитација за деца со зависности;
  • Децата на улица кои не се вклучуваат во дневните центри обично не добиваат никаква професионална психо-социјална поддршка.
  • Пристапот до образование на децата на улица е отежнат:
  • Децата на улица – Роми не се опфатени со проектот на државата за инклузија на деца Роми во предучилишно образование (детски градинки); и
  • Многу од децата на улица не се запишуваат во основно училиште навреме (можеби и воопшто), и не постои програма за образование на деца кои ја преминале возраста за упис во прво одделение. 
  • Број на прегледи: 1441
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.