Датум: 13.06.2017

Министерството за труд и социјална политика како одговорен орган за следење на имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Република Македонија 2014-2020, а во насока на подобрување на положбата на Ромите во земјата, го имплементира проектот “Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи” во соработка со ЕПТИСА во конзорциум со CARE, Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Ромскиот образовен фонд, поддржан од Европската Унија.

Проектот “Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”, меѓу другото, има за цел и да ги зајакне капацитетите на државната администрација на национално ниво и на локално ниво во општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари за поуспешна поддршка на локалните процеси на интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица.

Како дел од активностите на проектот, во соработка со општините и локалните координативни тела ќе се организираат директни средби на припадниците на ромската заедница со преставниците на локалната единица и на институциите кои се од интерес за заедницата. Целта на овие средби е да се приближат институциите до локалната заедница, да се надминат комуникациските бариери, да се срушат стереотипите и да се овозможи побрз, поедноставен и дисректен контакт на ромската заедница со институциите.

Во таа насока од 14 до 30 јуни 2017 година, на следниве локации во целните општини ќе се оддржат Отворени денови каде на сите припадници на ромската заедница ќе им биде овозможено да остварат директен контакт, да прашаат за некој свој проблем или пак да побараат совет од претставниците на институциите:

Датум

Термин

Општина

Локација

Адреси

 

14 јуни 2017

10.00-14.00

Чаир и Шуто Оризари

Ресторан Аванти

на раскарцницата помеѓу Топанско Поле и Шуто Оризари, бул. Босна и Херцеговина

 
 

15 јуни 2017

10.00-12.00

Тетово

ОУ Гоце Делчев

ул. Иво Рибар Лола бр. 96

 

15 јуни 2017

14.00-16.00

Гостивар

ОУ Башкими Единство

 подрачно училиште во   населба Циглана

 

16 јуни 2017

10.00-12.00

Штип

хотел Изгрев

ул. Вељко  Влаховиќ бр.1, населба Пребег

 

19 јуни 2017

10.00-12.00

Куманово

Дом на културата

Маршал Тито бр.3

 

21 јуни 2017

10.00-12.00

Кочани

Ресторан Але Дар

ул. Лазар Андонов 71

 

21 јуни 2017

14.00-16.00

Виница

Хотел Александар Парк

 ул. Маршал Тито бр. 105

 

22 јуни 2017

10.00-12.00

Прилеп

ОУ Добре Јованоски

 ул.11-ти Октомври бр. 145, населба Тризла

 

22 јуни 2017

14.00-16.00

Битола

Здружение Сумнал

 ул. Димитар Влахов бр.22

 

30 јуни 2017

10.00-12.00

Берово

Бизнис инкубатор

ул. Мирче Ацев бб

 

30 јуни 2017

14.30-16.30

Делчево

Дом на културата

ул. Светозар Марковски бр.1

 

На средбите свои претставници ќе имаат:

  • Комисија за заштита од дискриминација
  • Народниот правобранител
  • Центрите за социјална работа
  • Центрите за вработување
  • Агенција за катастар на недвижности
  • Министерство за труд и социјална политика
  • Министерство за финансии
  • ОБСЕ, и
  • Проект “Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселните лица и малцинските групи”

Ве покануваме да го посетите Отворениот ден во вашата општина. Се надеваме дека овие средби ќе бидат голем чекор напред во процесот на воспостaвување на доверба, рушење на стереотипите и остварување на загарантираните права на сите граѓани во Република Македонија.

 

  • Број на прегледи: 430
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.