Датум: 29.06.2017

Завршната Конференција на Проектот “Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи“ финансиран од ЕУ, кој започна на 11 јануари 2016 година и завршува на 11 јули 2017 година, се организираше на 28 јуни 2017 година во хотел Мериот во Скопје.  На настанот присуствуваа 89 учесници од релевантните институции и на централно и на локално ниво, меѓународните организации и невладиниот сектор.  Поздравните обраќања ги имаа Заменик Министерот за труд и социјална политика г-дин Елми Азири, Министерот без ресор одговорен за ромските прашања г-дин Самка Ибраимовски и претставникот на Европската Делегација во земјата г-дин Мауро Ди Вероли. Настанот го водеше г-ѓа Мабера Камбери, раководител на секторот за техничка поддршка на Министерот за труд и социјална политика при Министерството за труд и социјална политика.

По воведните излагања Тим лидерот на проектот г-дин Ебен Фридман ги претстави резултатите кои беа постигнати во текот на проектната имплементација. Како што напомена Тим лидерот проектот имаше за цел да одговори на потребата за зајакнување на капацитетот на централните и локалните власти за пренесување  на широки политички заложби во конкретни практични акции. Проектот беше имплементиран од страна на ЕПТИСА во конзорциум со CARE, МЦМС и Ромскиот Образовен Фонд а во партнерство со Министерството за труд и социјална политика.

До крајот на имплементацијата, проектот имаше доставено 27 пишани извештаи со проценка на статусот на инклузија на Ромите во земјата во неколку релевантни области, спроведени 19 работилници, 12 настани во заедницата, 9 обуки, спроведена четиримесечна програма за стручна обука на 29 учесници, и студиска посета за 10 професионалци од целните институции. Проектот, исто така, придонесе за формирање на Локални Координативни Тела во 12 општини, поддржувајќи ги во изготвувањето на Локални акциони планови за Роми во областите на образование, вработување, здравство, домување и унапредување на положбтата на жената Ромка.  

Мерките преземени од страна во проектот за да се обезбди одржливост на проектните интервенции вклучуваат спроведување интервјуа и фокус групи со крајните корисници за да се обезбеди релевантност на препораките генерирани од проектот, засновајќи ги обуките доставени преку проектот врз детална проценка на потребите, и дизајнирање на студиска посета спроведена во рамки на проектот на таков начин што ќе им овозможи на вработените во Одделението за спроведување на Стратегијата и Декадата за Ромите при Министерството за труд и социјална политика и Кабинетот на Министерот без ресор да добијат увид во тоа како се креирани и имплементирани политики и други иницијативи за Ромите во земја членка на ЕУ со значителна Ромска популација.

Г-ѓа Џулиета Мемедова, Координатор на локалното координативно тело за инклузија на Ромите од Делчево, го презентираше процесот на воспоставување на локалните координативни тела и развојот на локалните акциски планови за инклузија на Ромите во 12 пилот општини со најголем процент на ромско население во земјата.

Г-ѓа Кети Јандријеска Јованова, правен експерт на проектот, ја презентираше структурата на Прирачникот за Ромските информативни центри (РИЦ) кој содржи одговори на најчесто поставуваните прашања до РИЦ од страна на Ромите како и насоки за упатување до релеватните институции како и исечоци на националната легислатива.

Во текот на настанот се прикажа и кратко видео со сведоштва на учениците на обуката за занимања кои се побарувани на пазарот на трудот. На крајот, Директорот на проектот од ЕПТИСА, г-дин Бојан Петак ги даде завршните согледувања за имплементацијата на проектот, постигнатите резултати и воспоставената соработка со сите партнери на национално и локално ниво.

  • Број на прегледи: 603
  • Факти за Ромите

    • Во светот има над 12 милиони Роми.
    • Во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. 
    • Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.